More

    За една недела, 22 нови случаи на заразени со западнонилскиот вирус во Грција

    spot_img

    Во текот на минатата седмица, во Грција биле регистрирани 22 нови случаи на вирусот од Западен Нил, а вкупниот број на заразени од почетокот на сезоната заклучно со вчера напладне е 55, додека, пак, починаа осум лица, согласно неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), јави дописничката на МИА од Атина.

    Потврдени случаи на вирусот од Западен Нил има во северниот, западниот и централниот дел на Грција, како и во Епир и во Јонските острови.

    Во понеделникот, од ЕОДИ соопштија дека е интензивна циркулацијата на вирусот при што бројот на регистрирани случаи е поголем отколку во претходните 5 години за истиот временски период и препорачаа зголемена заштита од комарци.

    Првиот случај за годинава на заразен со западнонилскиот вирус во Грција беше регистриран на почетокот на јули.

    Вирусот во земјата е присутен во летниот период од 2010 до 2014 година, како и од 2017 до денес.

    Најголем број случаи на заболени од вирусот имало во 2018 година, вкупно 317, а истото лето, највисок бил и бројот на починати лица вкупно 51.

    Лани, во Грција биле регистрирани 162 случаи, а од вирусот починале 23 лица.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img