Поради продор на малку постуден воздух на висина, утре (четврток) во попладневните часови, особено во западната половина од државава ќе дојде до дестабилизирање на атмосферата. Во ваква ситуација во овие предели ќе има локален развој на грмотевични облаци кои ќе условат пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално, во горе споменатите предели ќе има услови за појава на невреме со поројни врнежи од дожд, силни грмежи и електрични празнења, силен ветер и со појава на град. Сепак, мал дел од оваа нестабилност би можела да се префрли и во централните и источните предели од државава. Апелираме во случај на појава на невреме, како и на електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја.
И во делови од Скопскиот регион утре попладне ќе има услови за развој на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а можна е и појава на краткотрајно невреме.
Што се однесува до температурите, тие остануваат без поголеми промени и ќе се искачуваат во интервалот од 32 до 38 степени.
Поретка појава на нестабилност во попладневните часови ќе има и во петок, додека викендот кој доаѓа ќе биде стабилен и сув насекаде во Македонија.
На следниот линк можете да ја следите алатката за рано предупредување од невреме “НОТАС” и истата е од голема корист за секој граѓанин https://nothas.finki.ukim.mk/