Најмалку едно лице загина, а осум се затрупани под урнатините на хотел во западна Германија, соопшти Еј-Пи њус.
Се верува дека 14 лица биле во хотел покрај реката Мозел кога еден кат од хотелот се урнал синоќа околу 23 часот.
Досега итната медицинска помош констатирала смрт на едно лице, но не успеале да го извлечат телото.
Властите соопштија дека спасиле две жени, маж и 2-годишно дете.
Лекарите биле во контакт со уште осум лица кои останале заробени во хотелот, од кои некои се тешко повредени.
Полицијата евакуирала 31 лице од околината на оштетената зграда, а сѐ уште не е познато што го предизвикало уривањето.