More

    Стомачен вирус на свадба може да биде и животна опомена

    spot_img

    Периодов многумина се заболени од сезонски стомачен вирус што ги спречува да ги извршат своите работни обврски, а некои мораат да ги одложат и своите планови за летување или, уште полошо, да го минат летниот одмор во кревет, бидејќи овие вируси предизвикуваат абдоминални болки и грчеви, дијареја и повраќање.

    – Пред неколку дена бев на свадба, а речиси секој трет од поканетите не присуствуваше поради стомачен вирус. Некако не ми се ни јадеше кога го видов тоа, не знам ни како да се заштитам од стомачни вируси, на што да внимавам, а на што не – раскажува Лео од Скопје.

    Плусинфо разговараше со матичен лекар од Скопје, кој тврди дека зависно од сезонските услови, од имунитетот на заболените, од родот и од сојот на вирусот, како и од други фактори, стомачните вируси можат да предизвикаат симптоми со различен интензитет. Но, според лекарот, стомачните вируси не се опасни, иако се непријатни.

    – Имаме пациенти заболени од вирусен гастроентеритис, а имавме и такви кои се разболени од друг сезонски вирус во комбинација со стомачен вирус, со што, симптомите се понагласени и пациентите имаат повеќе потешкотии поради комбинацијата. Но, и стомачните вируси се разликуваат по интензитет и по симптоми во зависност од вирусот. Вообичаени стомачни вируси се норовирусите, ротавирусите и аденовирусите. Некои од нив може да предизвикаат блага непријатност со дијареа, додека, пак, други може да доведат до сериозно повраќање, стомачни грчеви, па дури и до треска. Фактори како целокупното здравје, возраста и силата на имунолошкиот систем, исто така, можат да влијаат на сериозноста на симптомите – објаснува лекарот.

    Иако честопати вирусниот гастроентеритис се перципира како зимска болест, стомачните вируси може да се појават во текот на целата година, па и преку летото.

    – Зголемениот број на заболени периодов се должи на тоа што има повеќе активности и собири на отворено кои го зголемуваат и контактот меѓу луѓето, луѓето немаат блиски контакти само во зимата. Потопло време, повеќе јадење на отворено и потенцијално помалку строги практики за безбедност на храната. Рекреативните активности во вода, како пливање во езера или во базени, може да ја зголемат изложеноста на контаминирана вода – додава лекарот притоа нагласувајќи дека понекогаш станува збор за труење од храна и од контаминирана вода поради жештините, кое предизвикува симптоми што се преклопуваат со тие на вируснуит гастроентеритис, но се посериозни, а таквите труења се поопасни.

    Како да го избегнете разболувањето од стомачен вирус?

    Спречувањето на инфекција со стомачен вирус вклучува соодветни хигиенски практики:

    1. Често миење раце: Ова е од клучно значење, особено по користење на бања, по менување пелени и пред подготовка на храна.
    2. Правилно ракување со храната: Проверувајте дали храната е темелно зготвена и складирана на соодветни температури.
    3. Безбедна консумација на вода: Пијте само прочистена и флаширана вода која не била во контакт со заболено лице.
    4.  Избегнување контакт со заболени: Носете маска доколку контактот не може да се избегне.

    Кои се препораките за терапија?

    Повеќето случаи на стомачен вирус поминуваат без сериозни последици во рок од неколку дена. Главниот фокус е во спречувањето дехидрација.

    1. Хидратација: Пијте бистри течности како вода, чаеви без кофеин или спортски пијалоци за да ги замените изгубените течности.
    2. Одмор: Дозволете му на вашето тело да се опорави.
    3. Лекови без рецепт: Лековите против гадење (антиеметици) можат да помогнат во ублажување на симптомите.
    4. Диета: Започнете со лесна храна без мрснотии како тост или солени бисквити додека вашиот стомак се смирува. Исто така, јадете храна која содржи електролити за да ги надополните загубите поради дијарејата и повраќањето.

    Ако симптомите се влошат, дехидрацијата станува сериозна или има знаци на крвава дијареа, неопходно е да се побара лекарска помош.

    Илустрација креирана со ВИ

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img