More

    За колку пари може да се купи недвижнина на море?

    spot_img

    Голем број Руси и Украинци ги продаваат куќите и становите на црногорското приморје често по пониски цени. Тоа придонесе да паднат цените на недвижнините.

    Така во Будва цените на становите се движат од 1.500 до 3.000 евра за квадратен метар, додека цените на куќите варираат од 2.000 до 4.500 евра за квадрат во зависност од близината до морето и квалитетот на градбата.

    Агенти за недвижнини велат дека Будва како најголем пазар стагнира и не предвидуваат поголема промена на цените.

    Котор, кој е на листата на најпосетувани медитерански градови, има нешто пониски цени на недвижностите во споредба со Будва. Просечната цена на становите се движи меѓу 1.500 и 2.500 евра за квадратен метар, додека цените на куќите се од 2.000 до 4.000 евра.

    Тиват е уште поразновиден со цените на становите од 1.800 до 3.500 евра за квадрат, особено во близина на луксузната марина Порто Монтенегро. Куќи во овој град може да се купат по цени од 2.500, па дури и 5.000 евра за квадрат. Херцег Нови и околината се нешто поевтини, па тука може да се најде стан по цена од 1.200 евра за квадрат. Куќите во овој дел на Бока Котор се движат од 1.500 до 3.500 евра за квадратен метар.

    Бранислав Симовиќ, агент за недвижности во Црна Гора, вели дека цените на куќите и становите значително се зголемиле во последните години, особено по доаѓањето на руските и украинските граѓани по војната.

    -Цените на недвижностите во Црна Гора, особено на брегот, варираат и зависат од многу фактори, местоположбата, видот и состојбата на самиот недвижен имот. Во понуда има и многу куќи кои се продаваат по пониски цени од реалните. бидејќи Русите и Украинците купија недвижен имот повеќе не им требат – истакнува Симовиќ, во интервју за Бизнис.рс.

    Според него, купувањето недвижен имот за издавање под кирија во Црна Гора може да биде многу профитабилна инвестиција, бидејќи бројот на туристи постојано се зголемува, што подразбира зголемена побарувачка за сместување, особено во летната сезона, но и во текот на целата година во одредени области.

    Тој посочува дека и даночната политика е поволна, бидејќи данокот на недвижности е релативно низок, а поволности има и за оние кои ја издаваат својата недвижност.

    -Просечните цени во најпопуларните туристички градови се околу 100 евра за ноќевање во јули и август, во септември и јуни се малку пониски, но сега, поради продолженото лето, имотот можете да го изнајмите на четири месеци годишно – вели тој.

    Освен купувачите од Црна Гора и регионот, најзаинтересирани за купување недвижнини се Турците, Германците, Французите и Британците. Во изминатите три години, односно од 2021 до 2023 година, странски државјани и компании купиле недвижен имот во Црна Гора во вредност од речиси 1,2 милијарди евра.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img