More

    Азиски берзи закрепнуваат по острите корекции поради стравувањата од можна рецесија на најголемата светска економија

    spot_img

    Азиски берзи денеска закрепнуваат по острите корекции поради стравувањата од можна рецесија на најголемата светска економија.

    Јапонската  берза закрепна за повеќе од 10%.

    Во исто време, индексот Никеи се зголеми за дури 10,47%, целосно бришејќи ги загубите од претходниот ден, кога потона за 12,4% и ја забележа најголемата дневна процентуална загуба од црниот понеделник во 1987 година.

    Индексот MSCI на азиско-пацифичките акции без јапонските акции порасна околу 3% околу 6 часот.

    Утринава закрепнуваат и другите азиски берзи, при што јужнокорејскиот Коспи порасна за 4,3%, австралискиот ASX за 0,44%, хонгконгшкиот HSI за 0,46%, а шангајскиот берзански индекс порасна за 0,04%.

    На девизните пазари индексот на доларот, кој ги мери перформансите на САД во однос на шесте најважни светски валути, благо закрепна од вчерашното најниско ниво во последните 7 месеци од 102,15 поени. Во моментов е во плус 0,12%, на 102,81 поени.

    Истовремено, курсот на доларот утрово зајакна во однос на јенот за 0,73%, на 145,22 јени.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img