Во куќата на актерот Том Хенкс и неговата сопруга Рита Вилсон во Лос Анџелес упаднале провалници.
Крадците го скршиле стаклото и влегле во гостинската куќа на нивниот имот, пренесува американскиот портал ТМЗ. Наводно, инцидентот се случил во текот на денот додека парот бил надвор од градот, а алармот кој бил активиран од скршеното стакло не бил доволен за да ги спречи крадците да влезат внатре.
Хенкс и Вилсон не се единствените кои станаа жртви на големиот пораст на кражби во и околу Лос Анџелес. Неодамна слично нешто им се случи на раперот Бад Бади, актерката Сара Хајланд и актерот и комичар Марлон Вејанс.
Том Хенкс и Рита Вилсон се еден од најдолговечните парови во Холивуд. Тие ја прославија 36-годишнината од бракот во мај. По тој повод Рита сподели фотографии со својот сопруг. „Остари со мене, најдоброто допрва доаѓа“, го цитираше таа Роберт Браунинг покрај фотографијата.
Двојката се венча на 30 април 1988 година. Тие се запознале кога Рита добила улога во една епизода од ТВ ситкомот „Bosom Buddies“, со Питер Сколари и Том Хенкс во главните улоги, а не можеле ниту да замислат дека ќе завршат како еден од најценетите двојки во Холивуд.
Тогаш Хенкс тогаш бил во брак со Саманта Луис. Неколку години подоцна, Рита и Том повторно се сретнале кога таа ја добила улогата на негова љубовница во филмот „Волонтери“ од 1985 година. По разводот од Саманта во 1987 година, Том почнал да излегува со Рита – а остатокот е историја.