Германски овчар од втор кат падна врз девојка

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Полицијата од полскиот град Лублин во петокот известила за несекојдневен инцидент што се случил ден претходно, германски овчар паднал врз главата на 21-годишна девојка, а кучето скокнало врз неа од вториот кат на зградата.

Во необичниот судар за среќа никој не е тешко повреден, кучето веднаш станало и се оддалечило, а лекарите во болницата констатирале дека несреќното девојче не се здобило со поголеми повреди.

„Кучето најверојатно се исплашило од невремето и затоа скокнало од прозорецот на вториот кат од зградата и притоа паднало право врз девојката. И покрај тоа што на почетокот инцидентот изгледал сериозен, 21-годишната девојка не претрпела повреди опасни по живот или по здравјето“, извести управата на провинциската полиција во Лублин.

Сепак, сопственикот на кучето би можел да сноси многу сериозни последици доколку биде обвинет дека, како што официјално е наведено, „не постапил со должно внимание при чувањето на животното“.

„Во моментов се спроведуваат дејствија поврзани со изложување на лице на непосредна опасност од губење на животот или од сериозно оштетување на здравјето, за што е пропишана казна затвор до 3 години“, соопшти полицијата.

фото: VIDEO SCREENSHOT

Share This Article