More

    Најава за премиерна изведба

    spot_img
    Вечерва на платото пред Офицерскиот дом -КИЦ Битола, со почеток во 21.00 ч. Музичка премиера на проектот: „Colors of Macedonia“ . Премиерно, нови и необјавени музички материјали, дел од и нив и тесно поврзани со Битола, од десeтина познати македонски музичари кои својата кариера ја продолжија во светот. Обединети под музичките бои на Македонија. вечерва ќе приредат незаборавно музичко искуство.
    Оливер Јосифовски и Исмаил Лумановски , ги покануваат нивните долгогодишни пријатели и музички соработници, во еден несекојдневен музички проект COLORS OF MACEDONIA.
    Музика создадена специјално за оваа музичка приказна, која што ќе одзвони на 5 Август во Битола,пред платото на Офицерскиот дом.
    Музичарите како Алек Секуловски, иноватор ,професор и специјалист по тапани,кој што има богата музичка кариера,и живее и работи во Торонто, Давор Јордановски, композитир и клавијатурист исто така живее и работи низ целиот свет, Александар Петров перкусионист кој живее и настапува моментално во Дубаи, Филип Динев гитарист кој живее и работи во Хамбург Германија, и уште многу други музичари, на чело со Вера Милошевска, нам добро познатиот женски вокал ќе ја облагородат битолската музичка атмосфера, со музика инспирирана од многуте векови натрупаното македонско музичко богатство, преточена во модерна музика.
    Не го пропуштајте ова музучко патување.
    Организатор КИЦ Битола, со поддршка на Општина Битола и БИТ ФЕСТ.
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img