Од денеска во Скопје ќе биде отворен хуманитарен пункт каде ќе се собираат материјални добра за граѓаните кои настрадаа од пожарите во Источна Македонија

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Од денеска во Скопје ќе биде отворен хуманитарен пункт каде ќе се собираат материјални добра за граѓаните кои настрадаа од пожарите во Источна Македонија. Граѓаните ќе можат да донесат конзервирана храна, облека, патики, мебел, душеци и разни други материјални добра, кои потоа ќе бидат однесени во 30-тина села на околу 400 домаќинства. Пунктот ќе биде до „Ист гејт мол“, во близина на комуналното претпријатие.

Акцијата е во координација на Коалицијата предводена од „Хуманитарни акции.мк“, Конфедерација на Синдикалните организации на Македонија КСОМ и ИПО Интернационална Полициска Организација.

Хуманитарната акција ќе трае неколку дена се со цел подобрување на животот на граѓаните чии домови се опожарени во Источна Македонија. Граѓаните ќе можат да донираат и врати и прозорци, што е планирано за втората фаза од акцијата.

Според организаторите, се водела голема Фејсбук кампања за отворањето на хуманитарниот пункт. Веќе имаат собрано лекови и се надеваат дека за четири до пет дена ќе се координираат сите со автомобили и со комбиња за да ги однесат до семејствата.

Ги повикуваат сите граѓани да дојдат со своите донации, кои потоа ќе бидат однесени до семејствата кои се загрозени од пожарите.

Share This Article