Косовскиот премиер Албин Курти денеска во Скопје ќе се сретне со премиерот Христијан Мицкоски.
Посетата на Курти се случува само неколку дека по инцидентот на претседателката Војса Османи на скопскиот аеродром.
Средбата, потврдена од Владата, е дел од однапред подготвената агенда фокусирана на клучни билатерални прашања, а една од главните теми се очекува да биде токму случајот со косовската претседателка Вјоса Османи.
Во рамки на посетата од 10:00 до 10:30 часот предвидена е тет-а-тет средба помеѓу премиерите Мицкоски и Курти.
Воедно, во 11:00 часот ќе се одржи билатерална средба каде што покрај премиерите ќе присуствуваат и владини делегации од двете страни.
Потоа, предвидена е заедничка прес-конференција на премиерите Мицкоски и Курти во Медија центарот на Владата.