More

    Анџелина Џоли тврди дека одбила 8,5 милиони долари за да ја замолчи Бред Пит

    spot_img

    Правната пресметка меѓу помеѓу поранешните сопружници Бред Пит и Анџелина Џоли станува сè понасилна. Актерката го обвини својот поранешен сопруг дека се обидел да ја „замолчи“ за злоставувањето што наводно го претрпела според договорот за необјавување на информации вреден 8,5 милиони долари.

    Двојката во моментот се тужи за винаријата Шато Миравал. Пит ја тужеше Џоли за наводно прекршување на договорот кога таа го продаде својот удел на руски олигарх. Според овој документ, Бред бил првата личност која Анџелина требало да му понуди да го откупи нејзиниот удел доколку реши да го напушти бизнисот.
    За возврат, актерката тврди дека таков договор немало. Сега секој од нив бара судот да ги открие сите документи од двете страни во врска со оваа трансакција.

    Инаку, парот сè уште не може да го реши прашањето за наводното семејно насилство од страна на Пит. Џоли неодамна побара од судијата да му нареди на нејзиниот поранешен сопруг да ги открие разговорите за „терапијата на која доброволно се подложил“ по озлогласениот „авионски инцидент“ што доведе до нивното раскинување и последователен развод, како и неговата наводна „прекумерна употреба или злоупотреба на алкохол“. Но, актерот одговори велејќи дека овие „приватни комуникации од трета страна“ се „далеку од проблемите и наводите“ во случајот на винаријата.

    Во нивната последна изјава, адвокатите на Џоли не се согласуваат, велејќи дека информацијата е „критична“ за обвиненијата на Пит.

    Инаку, нивните шест деца се „на страната“ на Анџелина, па дури некои од нив го отфрлаат неговото презиме,

    Бред Пит веќе подолго време е во среќна врска со Инес де Рамон.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img