Црногорскиот актер Стеван Радусиновиќ ненадејно почина вчера на 47-годишна возраст.
Стеван Радусиновиќ е роден во Подгорица.
Дипломирал на академијата за глума во Цетиње. Член е на Црногорскиот народен театар од 2001 година.
Стеван Радусиновиќ играше во претставите „Лажен цар Шќепан Мали“, „Смртни гревови“, „Сон на летната ноќ“, „Цреша“, „Дон Жуан“, „Просидба и мечка во еден чин“, „Рибарски расправии“, „Ќерко моја“, „Злосторство и казна“, „Арт Експорт“, „Дискусија“, „Претстава на Хамлет во село Мрдуша Доња“, „Јас сум онаа која не е“, „Брак“, „Иванов“…
Имаше и голем број улоги во црногорски, како и во филмови со странска продукција.
Стеван глумеше во серијата „Нашата мала клиника“, а од него сега се простија многу колеги:
„Стив, тишината одекнува. Непребол. Твојот неверојатен талент и љубов кон сите. Те сакам“, напишала актерката Бранка Оташевиќ, додека актерот Павле Поповиќ ја објавил својата неговата фотографија и ставил емотикон со скршено срце.