Итно се потребни 40 вработувања на Клиниката за онкологија

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Најмалку 40 нови вработувања се неопходни на за Клиниката за онкологија за да може да одговори на потребите на пациентите, објави ТВ Сител.

Поради тоа што лекар специјалист во денот има и по 70 прегледи и не може соодветно да им се посвети на тешко болните, од клиниката доставиле барање до Министерството за здравство што им е неопходно во моментот.

– Најургентни ни се медицинските сестри, едно десетина медицински сестри, радијациони технолози, бидејќи имавме во минатиот период напуштање од тој кадар, медицински техничари и нормално лекари. Барем на оние лекари кои се на приватна специјализација да можеме да им дадеме договори на неопределено време. Се зголемува обемот на работа така што потребно е вработување на нов кадар – вели Игор Стојковски, в.д. директор на Клиниката за онкологија.

Пред еден месец кога министерот за здравство беше во посета на клиниката, најави дека Клиниката за онкологија ќе има приоритет за вработување на кадар.

Неопходно е и активирање на онколошките амбуланти низ државата за да нема големи гужви и малигно болните да чекаат со часови за преглед или терапија. Засега е воведена втора смена во дневната болница, но и тоа не е доволно.

– Воведовме втора смена во дневната боница за да не се враќаат пациенти, сега правиме напори да го оптимизираме процесот и други профили да работат втора смена. Со тоа се надевам дека ќе ги намалиме гужвите во чекалните – вели Стојковски.

Share This Article