Блокадата на Собранието не носи добро никому освен на ВМРО-ДПМНЕ

Lorita
By Lorita 5 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Најавената блокада на Собранието е неодговорно однесување кое што не носи добро никому освен на оној којшто тоа го прави, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски во одговор на новинарско прашање за најавената блокада на Собранието од страна на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

– Ова е едно неодговорно однесување кое што не носи добро никому освен на оној којшто тоа го прави, а тоа е Никола Груевски кој очигледно дека сѐ уште му дава наредби на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ да прави вакви чекори. Собранието на државата треба да биде место каде што се унапредуваат законите, каде што се носат решенија за справување особено со кризава која што ја имаме во државата, а која што е резултат на војната која што се води во Украина и блокирање на Собранието е најлошото нешто што може некој политичар да го направи во овој момент – нагласи Ковачевски.  

Блокирањето на Собранието, додаде тој, не е нешто што ВМРО-ДПМНЕ сега го најавува и го прави, бидејќи ако ги погледнете законите коишто се заглавени во Собранието токму на иницијатива на ВМРО-ДПМНЕ, а не се работи за еден, два, три, 10, 15, 20, туку се работи за многу повеќе закони, тогаш ќе знаете дека тоа е однесување кое што во континуитет го отсликува однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ.

– Ги повикувам сите пратеници во Собранието да бидат на ниво на својата задача, бидејќи блокирањето на Собранието не значи ништо друго, освен блокирање на она што треба да се направи за граѓаните на државата. Втора работа која што исто така е многу важна, јас ги гледам денешните написи, воопшто не доликува на демократска партија да одбројува денови, денес било петти ден, па четврти ден и да се служи со уцени и да се служи со закани затоа што јас потврдив во изминатите скоро четири месеци дека ниту на уцени, ниту на закани не подлегнувам, туку сум човек којшто води отворен дијалог со сите заинтересирани страни во општеството – истакна премиерот.

Ковачевски повтори дека со резигнација го отфла ова што го презема ВМРО-ДПМНЕ, и како што истакна, тоа не е ништо поразлично од она што го правеле и досега, меѓутоа сега веројатно добиле наредба тоа да биде и јавно искажано.

– Доколку ги земете законите што со години веќе не се разгледуваат ниту на комисии ниту на пленарни седници тогаш ќе ви стане јасно дека оваа најавена блокада е само продолжување на она што се правеше и досега. Постои постојана отворена комуникација помеѓу пратениците во пратеничките групи, постои отворена комуникација на ниво на ЗЕЛС. Јас имав состанок со УО на ЗЕЛС, значи комплетниот УО каде што доминантно се претставници на партиите од опозицијата, односно од ВМРО-ДПМНЕ што беа на состанок во Владата и каде што разговаравме за сите отворени прашања. Исто така, имам и директна комуникација со градоначалници коишто имаат одредени отворени прашања со Владата. Меѓутоа, одржување средби под уцени, под закани само со една точка на дневен ред, а тоа е предвремени избори, кои прво, политичките партии не ги поддржуваат, потоа граѓаните не ги поддржуваат. Поминаа времињата кога ВМРО-ДПМНЕ на секои две години правеше избори само заради свој личен политички профит, сега е време прво да се справиме со кризата затоа што гледате што се случува на светските берзи, гледате што се случува во Украина – рече тој.

Според Ковачевски, Владата е демократска и јасно позиционирана и ориентирана, за разлика, како што рече, од опозицијата, во која има политички партии коишто се отворено на страната на Русија и политички партии коишто сметаат дека претседателот на Украина Зеленски е нивен непријател.

Ковачевски во одговор на прашање кажа дека Владата има целосен политички и легален легитимитет.

– Најпрвин легитимитетот на Владата се црпи од пратениците во Собранието и ако го погледнеме легитимитетот на оваа Влада, таа има и поголем легитимитет во однос на претходната со оглед на тоа дека 64 пратеници ја поддржуваат, дополнително и уште една политичка партија а тоа е партијата Алтернатива. Ние имавме разговори при формирањето на владината коалиција со претставници на Алтернатива и во Програмата на Владата беа вклучени и програмските определби на таа партија – рече Ковачевски.

Share This Article