Пожарот што денеска избувна на планината над охридските села Опеница и Куратица сѐ уште не е локализиран, а постои опасност да се прошири оти се работи за тешко пристапен терен, а временските околности со висока температура и засилен ветар дополнително придонесуваат за ширење на пламенот.
Моментално за гаснење се ангажирани и три авиони ер-трактор што полнат вода од Охридското Езеро.
Според последните информации од Територијалната противпожарна единица, за локализирање на пламенот потребен е засилен ангажман од локалното население и од екипите на Подржужницата на „Македонски шуми“, чија поддршка засега отсуствува.
Според најавите, за вечерва е свикан состанок на Локалниот совет за превенција, со цел да се координираат активности за справување со непогодата.