Шумски пожар во моментов беснее на планината Јасен, но противпожарните екипи се излезени на терен и работат на негово гаснење

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Шумски пожар во моментов беснее на планината Јасен, но противпожарните екипи се излезени на терен и работат на негово гаснење.

Ова ни го соопштија од Противпожарната единица Скопје откако загрижени жители на Долна Матка ни се јавија во редакција за да кажат дека во таа околина се чувствува неподнослива смрдеа на изгорено.

– Точно е, има пожар на планината Јасен, но екипите се на терен и го гаснат пожарот. Можам да кажам дека пожарот во моментов е ставен под контрола – ни изјавија од Противпожарната единица Скопје.

Претходно и директор на ЦУК Стојанче Ангелов наведе дека тежок пожар има и во Општина Македонски Брод, во атарот на селата Тажево и Брезница, кон Јасен, кој се одвива неколку дена на тешко пристапен терен.

– Овде утрово го испративме да дејствува полицискиот хелихоптер МИ 171, но и тимот од Унгарија кој пристигна како помош од странство со ЕУ механизмот, составен од 46 искусни пожарникари, од кои некои користат специјални теренски возила со кои можат да се пробијат на најтешко пристапните места. Исто така, од земја гасат и 50 припадници на Армијата со поддршка на 20 локални пожарникари и месно население – рече Ангелов.

Share This Article