More

    Драма во Хрватска – Забележале дека им го нема детето откако поминале 200 километри

    spot_img

    Во екот на туристичката сезона, низ автопатиштата во Хрватска има големи гужви, а притоа се случуваат грешки.

    Но, на едно семејство му се случила неверојатна грешка, откако си ја заборавиле ќерката на паркинг среде автопат.

    Застанале да одморат на одморалиштето „Рашќане“, а потоа го продолжиле патувањето кон Задар.

    Откако тргнале и откако поминале околу 200 километри, конечно сфатиле дека го нема нивното 11-годишно дете, и дека го заборавиле, пишуваат хрватските медиуми.

    Веднаш ги повикала вработените на бензинската пумпа и им објаснила како се случилo. Вработената веднаш им се јавила на полициските службеници, кои пристигнале на местото.

    Мајката кажала дека поради тоа што патувале со повеќе возила, биле уверени дека девојчето се качило во друг автомобил, но потоа сфатиле дека го нема.

    Полицајците го пронашле девојчето и му кажале дека неговото семејство набрзо ќе пристигне. Неколку часа подоцна дошле родителите и си го зеле детето.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img