More

    На преминот „Богородица“ се отворени пет ленти

    spot_img

    На преминот Богородица се отворени пет ленти за излез од државата и пет ленти за влез во државата. Од страна на МВР се преземаат сите мерки и во функција се ставени сите човечки и технички капацитети за да се забрза протокот на патници, се разбира со спроведување на задолжителните гранични проверки. За излез од државата се чека околу еден час, информираа за МИА денеска од МВР.

    Како што соопштија од Министерството, на граничниот премин Богородица во периодот од 10:00 часот вчера до 10:00 часот денеска влегле 4.470 македонски државјани, а излегле 2.442 македонски државјани. Што се однесува до странските државјани влез во нашата држава оствариле 689, а 5.988 ја напуштиле нашата држава.

    На граничниот премин Табановце се отворени пет ленти за влез во државата. Во периодот од 10:00 часот вчера до 10:00 часот денеска влегле 2.743 македонски државјани а излегле 2.246 македонски државјани. Во нашата држава преку овој граничен премин влегле и 2.515 странски државјани, а 3.866 ја напуштиле државата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img