Пред големиот празник Илинден, претседателката Гордана Сиљановска Давкова донесе одлука да помилува пет лица.
Одлуката е објавена во Службен весник.
Потполно се ослободуваат од извршување на неиздржаниот дел од казната затвор осудените лица Андреј Методија Мојсоски од селото Селце и Миран Латиф Исмани од селото Слатино.
Делумно се ослободуваат три лица: Блаже Владимир Стојанов од Штип, во траење од 2 месеца, Ванчо Делче Кржовски од Пехчево, во траење од 2 месеца, Ненад Душко Магделиниќ од Штип, во траење од 2 месеца.
Ова е прво помилување на осудени лица од страна на претседателката Сиљановска Давкова.