More

    Volkswagen откри кога планира да го продава Golf на бензин и дизел

    spot_img

    Volkswagen официјално потврди дека деветтата генерација на Golf GTI ќе биде електричен, но што значи тоа за „обичните“ верзии на најпопуларниот модел на VW?

    Во изјава за Top Gear Netherlands, Каи Гриниц, шеф за технички развој на VW, рече дека сегашниот Golf 8.5 би можел да остане на пазарот до 2035 година, што значи дека би можел да опстане во следните 11 години. Гриниц додава дека не е важно што Golf-от дотогаш ќе биде стар.

    За потсетување, Volkswagen го лансираше Golf 8 во 2019 година, а неодамна доби редизајн. Иако на прв поглед не изгледа застарено, но платформата на Model 8 е многу поврзана со Model 7 кој беше објавен во 2012 година.

    Ако сегашниот Golf опстои до 2035 година, неговата платформа дотогаш ќе биде стара 23 години.

    Кога гасне голфот со дизел и бензин?
    Гриниц забележува дека 2035 година е година кога стапува на сила забраната за продажба на мотори со внатрешно согорување во цела Европската унија. Но, постои исклучок. Имено, возилата со вакви мотори можат да останат во продажба и по забраните, но само доколку ќе работат на синтетички горива.

    Иако Grünitz го нарече сегашниот Golf „MQB совршенство“, тврдејќи дека нема причина дополнително да се подобрува, до 2035 година би можеле да очекуваме уште едно освежено издание со бензински и дизел мотори.

    Да додадеме и дека како што неодамна напишавме дека новиот Golf 9 беше закажан за 2027 година, во целосно електрично издание под името ID.Golf, но моделот беше одложен за 2029 година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img