На малопродажните синџири „Алди“, „Едека“ и „Лидл“ им се заканува недостиг од конзервирани домати, пишуваат германските медиуми.
Според медиумите постојат две причини зошто снабдувањето со конзервирани домати може да биде тешко во иднина. Првата причина е прекумерното купување на конзервирана храна. Во страв од недостиг, многумина купуваат конзервирана храна која има подолг рок на траење. Втората причина е тоа што земјоделците во Италија садат се помалку домати и се преоринетираат на производство на пченица.
-Површината каде што се садат домати во Италија е намалена за околу 10 отсто, делумно поради тоа што земјоделците се одлучуваат за други култури – изјави за медиумите Андреас Рајмер, извршен директор на германската компанија за конзервирање „Хенгстенберг“.
Цената на сировите домати од северна Италија е веќе за 18 отсто повисока од лани. Зголемување на цените најави и италијанскиот производител „Muti“.