More

    „Подравка“ тврди дека во земјава не се пуштени во продажба спорните коцки за супа

    spot_img

    Компанијата Подравка по извршениот инспекциски надзор од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), ги известува своите потрошувачи дека производите: говедска коцка со серија 0507241, со рок на употреба до 05.07.2025 година и пилешка коцка со серија 0307241, со рок до 03.07.2025 година, се наоѓаат во магацините на Подравка Македонија и воопшто не се дистрибуирани во малопродажната мрежа.

    „По добиените официјални информации за потенцијална контаминација поради механичко оштетување на машината за производство на масни коцки кај производителот во Република Хрватска, во магацинот на Подравка Македонија беа блокирани и двата вида масни коцки, со упатство за суспендирање на било каква дистрибуција во малопродажната мрежа. Потрошувачите треба да бидат спокојни бидејќи Подравка, како општествено одговорна компанија, им гарантира дека спорните серии масни коцки воопшто не биле пуштени во промет“, се наведува во соопштението од Подравка.
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img