Војната во Украина ќе заврши до крајот на оваа година, тврди висок руски офицер

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Специјалната воена операција ќе заврши до крајот на оваа година, изјави заменик-шефот на главната воено-политичка управа на руските вооружени сили, командантот на специјалните сили Ахмат, генерал-мајор Апти Алаудинов.

– Настаните на Блискиот Исток, изборите во Америка, чиј исход е нејасен, настаните во самата Украина, односно незадоволството на народот од она што се случува, големите загуби, отсуството на ресурси за запирање на руската армија – сето тоа си го прави своето. Дури и да не сакаат да преговараат, ќе бидат принудени да го сторат тоа, бидејќи веќе немаат ресурси или сила да ни се спротивстават – изјави генералот за телевизија „Русија 24“.Тој рече дека најавените испораки на американски ловци Ф-16 за Украина нема да влијаат на текот на војната.

– Ако западните земји мислеа дека Ф-16 може да смени нешто, немаше ли одамна да им ги дадат тие авиони? Затоа предлагам сите да земат пуканки, да седнат и да ја гледаат Украина како оди во заборав – додава Алаудинов.

Share This Article