More

    Исплатена првата транша од итната финансиска поддршка

    spot_img

    Европската унија денеска ја исплати првата транша од нејзината краткорочната итна финансиска поддршка за Палестинската управа во износ од 150 милиони евра, наменета за задоволување на најитните финансиски потреби и за поддршка на нејзината суштинска и кредибилна реформска агенда, соопшти Европската комисија.

    Според претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, ЕУ е целосно посветена да ја поддржи Палестинската управа во „овие тешки времиња“.

    – Нашата итна помош од 400 милиони евра е наменета за поддршка на значајна реформска агенда и го отвора патот за обнова и реконструкција на Газа – посочи Фон дер Лајен.

    Според претседателката на ЕК, силната и реформирана Палестинска управа е клучна за остварување на „заедничката цел“ за мировно решение со постоење на две држави – Израел и Палестина, како „единствен начин за одржлив мир и за Израелците и за Палестинците“.

    Денешната исплата на 150 милиони евра од вкупно предвидената сума од 400 милиони, следи по потпишувањето на Писмото за намери од страна на Европската комисија и Палестинската управа, во кое се утврдува стратегија за „справување со критичната буџетска и фискална ситуација на Палестинската управа“.

    Од сумата од првата транша, 58 милиони евра се грантови наменети за исплата на плати и пензии на државните службеници на Западниот Брег и за поддршка на ранливите семејства, а останатите 92 милиони се обезбедени преку кредитна линија на Европската инвестициска банка (ЕИБ).

    Според планот, следните две исплати на преостанатите средства од помошта се предвидени за август и септември, под услов Палестинската управа да се постигне напредок во спроведувањето на реформската агенда.

    Комисијата воедно најавува дека на почетокот на септември ќе претстави законски предлог за „Сеопфатна програма за зајакнување и издржливост на Палестина“, со која ќе биде предвиден помош за Палестинската управа за постигнување буџетска рамнотежа до 2026 година и обезбедување долгорочна финансиска одржливост. Сите исплати на средства во рамките на оваа долгорочна иницијатива ќе зависат од напредокот во спроведувањето на договорените реформски планови.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img