Петков вели дека новите интерконектори за гас ќе го овозможат тоа

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Бугарскиот премиер Кирил Петков на отворањето на меѓународната министерска тркалезна маса во Софија, посветена на регионалната соработка за енергетска безбедност, диверзификација и зелена транзиција, што се одржа во резиденцијата „Бојана“, рече дека новите интерконектори овозможуваат да се направи нов енергетска карта на регионот.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Петков, енергетските миксови на земјите од регионот може уште подобро да се оптимизираат за поголема трошковна ефикасност.

Премиерот на Бугарија ги поздрави учесниците на форумот од Северна Македонија, Грција, Романија, Србија, Турција, Украина и Азербејџан.

Петков, исто така, рече и дека средбата во Софија е за да се покаже дека единството е сила.

-Гледаме невидена војна во Украина и во исто време гледаме како енергијата се користи како оружје. Договорот меѓу Бугарија и руската компанија „Газпром“ беше еднострано прекршен – рече бугарскиот премиер.

Тој додаде дека единствен начин да се компензира за овие негативни случувања е обединување на земјите од регионот и да се покаже дека диверзификацијата, оптимизацијата и сите други синергии меѓу нас се тука.

Тој додаде дека енергетските миксови во Западен Балкан може дополнително да се оптимизираат за поголема ефективност на трошоците.

TAGGED:
Share This Article