More

    Талибанските власти не ги признаваат амбасадите над кои не контролираат

    spot_img

    Авганистанското Министерство за надворешни работи објави дека повеќе нема да ги признава документите издадени од авганистанските амбасади во кои сè уште се вработени дипломати назначени од претходната влада.

    Ова е последен обид на талибанските власти да преземат контрола над авганистанските дипломатски претставништва.

    Шест лица загинаа во конфликтот меѓу пакистанските талибанци и полицијата

    Во соопштението на социјалната мрежа Икс, Министерството за надворешни работи наведува дека документите издадени во дипломатските претставништва на таа земја во Лондон, Берлин, Белгија, Бон, Швајцарија, Австрија, Франција, Италија, Грција, Полска, Австралија, Шведска, Канада и Норвешка веќе не важат.

    Меѓу другото, оваа одлука се однесува и на пасошите и визите.

    Талибанските власти им дадоа инструкции на луѓето на кои им се потребни документи да контактираат со амбасадите и конзулатите под контрола на Талибанците.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img