Легендарниот колумбиски напаѓач Радамел Фалкао преживеа вистинска драма, но на крајот приказната имаше среќен крај.
Во неговиот дом во Богода имало голема драма кога дошло до истекување на плин и куќата се наполнила со штетни гасови.
Во тој момент, сопругата на Радамел, Лорелеј Тарон и петте деца се труеле и итно биле хоспитализирани. Во куќата до нив престојувале и неговите двајца братучеди, а ги спасила куќна помошничка која навреме реагирала и ја спасила ситуацијата.
„Го вклучивме греалката која немаше штекер и не отру јаглерод моноксид. Поминаа многу часови откако го вклучивме, мислевме дека мирисот е нормален. Госпоѓата која ни помага во куќата почна да вика да излеземе надвор“, рекла сопругата на Фалкао, а потоа продолжила:
„Во тој момент мирисот беше неподнослив. Анет плачеше, Џедај спиеше, а јас го видов светот наопаку. Анет и јас имавме најсилни симптоми, а подоцна и другите се чувствуваа лошо – повраќаа и имаа главоболки“.
Поради тешката ситуација, одличниот фудбалер минатиот викенд не настапи за својот Милионарис, а на навивачите им се заблагодари за поддршката и упати големо извинување.