Пожарот кај Светиниколско утринава и утрово е активен, фронтот на огнот е многу широк, но населените места не се во опасност, соопштија од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
На терен се пожарникари, а има подготвени и доволно припадници на Армијата кои се вклучуваат во гаснењето на пожарот.
Во текот на денот, на овој пожар ќе делуваат еден армиски хеликоптер ми-17 , како и трите ер-трактори на Дирекцијата за заштита и спасување.
Пожарот во Светиниколско е активен од вчера попладне и направи огромна штета на имотите на жителите.
Синоќа се гасеа пожари и во Прилеп, Куманово и во струмичко каде што изгоре платформата за набљудување на Смоларскиот водопад, а пожарот ја зафати и околната шума на планината Беласица