Најубавата пливачка на ОИ во Париз го напушта пливањето

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Пливачката од Парагвај, Луана Алонсо има само 20 години, а веќе ја истакна кандидатурата за една од најубавите спортистки на Олимписките игри во Париз. Но веќе по првиот настап, таа ги шокира фановите со изненадната одлука да се повлече од пливањето. Луана настапи во трката на 100 метри делфин и за 24 стотинки не успеа да ги мине квалификациите, после што објави дека ја завршува пливачката кариера.

„Сега и официјално! Се повлекувам од пливањето, би благодарам на сите за поддршката. Извини Парагвај, но морам да ти се заблагодарам. Многу сум емотивна бидејќи ова беше мојата последна трка. Се повлекувам од пливањето. Пливам толку долго, 18 години и имам толку многу сеќавања. За жал, донесов одлука да престанам и среќна сум што мојата последна трка ќе биде на Олимписките игри“ – напиша 20-годишната олимпијка од Парагвај.

Луана Алонсо е од Парагвај, а имаше можност да дебитира на Олимпијадата пред три години во Токио, кога се натпреваруваше на 100 метри делфин.

Таа не постигна значаен резултат, но повторно се пласираше на Игрите и сите со внимание ќе ги следат нејзините настапи и поради нејзината убавина и поради тетоважите на телото.

 

Атрактивната Парагвајка на социјалната мрежа Инстаграм ја следат над 200.000 луѓе, а нема сомнеж дека оваа бројка ќе биде уште поголема кога ќе завршат Игрите во Париз.

Share This Article