Француската натпреварувачка во ридски велосипедизам, Лоана Леком, доживеа страшна несреќа на Олимписките игри.
Несреќната Леком во текот на олимписката трка на исклучително тежок терен, загуби контрола, падна од велосипедот, ја удри главата во земја и изгуби свест, а за малку ќе беше и прегазена од друга натпреварувачка.
Медицинскиот тим веднаш притекнал на помош. Ја тргнале од патеката и ја однеле во блиската болница на детални прегледи. Според првите информации, Лоана сега е во стабилна состојба.
По падот на француската велосипедистка, телевизиите не сакаа да ја прикажуваат забавената снимка од несреќата, поради загриженост за Лоана. Сепак, видеото набрзо се појави на социјалните мрежи.