More

    Потврдено е: Ова овошје навистина го намалува ризикот од срцеви заболувања

    spot_img

    На конференцијата Nutrition 2024, одржана во САД, експерти од Технолошкиот институт на Универзитетот во Илиноис ги презентираа резултатите од нивната неодамнешна студија. Тие регрутирале 62 учесници на возраст меѓу 20 и 60 години за да учествуваат во експеримент кој истражувал како овошјето влијае на ризикот од болести.

    Испитаниците биле поделени во две групи, од кои едната добивала грст јагоди како десерт секој ден, а другата не. Учесниците кои консумирале јагоди покажале подобрена функција на ендотелот – клетките што ја обложуваат внатрешноста на срцето. Ендотелот е одговорен за крвниот притисок и способноста на срцето да се собира.

    „Состојбата на нивната крв и лимфни садови е значително подобра. Тоа го потврдија низа тестови“, наведуваат научниците во заклучокот.

    Јагодите содржат влакна, антиоксиданси, фолна киселина и витамин Ц, а освен што го поттикнуваат здравјето на срцето, го зајакнуваат и имунитетот и спречуваат запек.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img