More

    Турција може да влезе во Израел

    spot_img

    Турција би можела да влезе во Израел за да им помогне на Палестинците, како што тоа некогаш го правеше во Либија и Нагорно-Карабах, изјави вчера турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

    – Мораме да бидеме многу силни за Израел во Палестина да не може да го прави тоа што го прави сега – рече турскиот претседател на митингот на владејачката партија АКП во црноморскиот град Ризе, пофалувајќи ги достигнувањата на индустријата за оружје.

    – Како што влеговме во Карабах и Либија, може да направиме нешто слично и сега – рече Ердоган во телевизискиот говор.

    Турскиот претседател не прецизираше каква интервенција има на ум, а претставниците на неговата партија не одговорија на прашањата за деталите од неговата изјава.

    Израел не одговори веднаш на изјавата на турскиот претседател.

    Инаку, Ердоган се осврна на претходните турски акции. Во 2020 година, Анкара испрати војници и воена опрема во Либија за да ја поддржи либиската влада на национално единство и нејзиниот лидер Абдулхамид ал-Дбеибах.

    Минатата година Турција негираше директна вмешаност во азербејџанската воена операција во Нагорно-Карабах, но нагласи дека го поддржува блискиот сојузник „со сите средства“, вклучувајќи обука и модернизација на армијата, потсетува Ројтерс.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img