More

    Во судир на три пловни објекти на Скадарското Езеро, Црна Гора, едно лице загина, а седум се повредени

    spot_img

    Во судир на три пловни објекти на Скадарското Езеро, Црна Гора, едно лице загина, а седум се повредени, јавуваат медиумите повикувајќи се на полициски извори.

    Информацијата на мрежата Икс ја потврди министерот за поморство Филип Радуловиќ, најавувајќи построги закони кои ќе „воведат ред“ за да се почитуваат правилата за пловидба.

    Несреќата на езерото во градот Жабљак Црнојевица се случила синоќа околу 22:00 часот кога загинал Д.В., а од седумте повредени едно лице е во тешка состојба.

    Медиумите јавуваат дека во судирот учествувале глисери и дека е уапсен П.Д. кој наводно немал дозвола за управување со пловен објект и кој е на распит во обвинителството.

    Министерката Радуловиќ најави дека Владата на Црна Гора ќе започне со изготвување нови закони кои ќе воведат ред и ќе обезбедат почитување на правилата за надзор.

    „Судирот на три пловни објекти во Жабљак, Црнојевица, кога едно лице загина, а неколку други беа повредени, не предупредува на бројни проблеми. Започнавме со изработка на новиот Закон за безбедност на поморската пловидба и Законот за внатрешни води со кои ќе воведеме ред за да се почитуваат правилата за пловидба“, објави министерот на мрежата Икс.

    Тој додаде дека намерата на Владата е да обезбеди повеќе инспектори кои ќе го контролираат спроведувањето на прописите.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img