Македонската стрелачка не се избори за финале

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Македонската натпреварувачка Анастасија Мојсовска не успеа да се пласира во финалето на денешниот натпревар во стрелаштво на 10 метри со воздушна пушка на Олимписките игри во Париз.

Мојсовска квалификациите ги заврши на 31. место од вкупно 43 натпреварувачки.

Вчера симболичен настап во пливање трка на 400 метри слободен стил имаше и Никола Ѓуретановиќ.

До крајот на Олимпијадата ќе настапат уште четворица Македонци: Владимир Егоров (борење), Еди Шерифовски (џудо), Мила Релиќ (таеквондо) и Дарио Ивановски (атлетика маратон).

Share This Article