Девет лица загинаа во саботата кога ракета од Либан падна на фудбалско игралиште во село на Голанската Висорамнина контролирана од Израел, објави Израел хејом.
Покрај деветте загинати, многумина се ранети.
Израелските медиуми истакнаа дека ракетата која паднала на теренот ја истрелал Хезболах.
Претходно беше соопштено дека во нападот деветмина се тешко ранети и дека станува збор за деца и млади на возраст од 10 до 20 години.
По нападот, на социјалните мрежи се појавија страшни снимки. Го прикажуваат моментот кога ракетата паднала на теренот. Според информациите, повредени се 30 лица.
Припадник на израелската служба за итни случаи опиша големо уништување и пожар на местото на настанот, фудбалско игралиште во селото Мајдал Шамс.
Израелската армија соопшти дека помага во евакуацијата на повредените.
Израел и Хезболах разменуваат оган речиси секојдневно од почетокот на војната во Газа по ненадејниот напад на палестинскиот Хамас на 7 октомври во јужен Израел.
Од почетокот на октомври, во израелските воздушни напади врз Либан загинаа повеќе од 450 луѓе, главно членови на Хезболах, но и околу 90 цивили. На израелска страна загинаа 21 војник и 13 цивили.