More

    Се лапало ли мито за упис, имало ли ургенции за испити?

    spot_img

    Постојат сознанија што упатуваат на можноста лице вработено во Академијата за судии и јавни обвинители, поврзано со предметот против врховнииот судија Наќе Георгиев, да сторило друго кривично дело. Ова е утврдено со анализа на телефонот на осомничениот, соопшти Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

    „Како резултат на тоа, предметниот обвинител, со цел да ги испита ваквите индиции, оформи предмет со кој достави барање до судијата на претходна постапка при Основен кривичен суд Скопје за одземање на два мобилни телефона од лице вработено во Академијата за судии и јавни обвинители, како и видео запис и две досиеја за еден поранешен и еден актуелен кандидат на Академијата“, се вели во соопштение на Обвинителството.

    Во текот на вчерашниот ден, припадници на Одделот за крим полиција и Одделот за сузбивање на организиран криминал постапиле по Наредбата на судијата и ги обезбедиле бараните предмети.

    Врховниот судија Наќе Георгиев беше притворен на 30 дена, за што одлучи судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. Георгиев е осомничен за кривичното дело Примање награда за противзаконито влијание од чл. 359 од Кривичниот законик. Второосомничениот во скандалот, Иџет Mемети, кој е член на Советот на јавни обвинители, заврши со мерки на претпазливост.

    Како што е познато, Георгиев и Мемети се осомничени дека му ветувале на синот на осудениот ексградоначалник Боро Стојчев дека за 10.000 евра ќе му помогнат на татко му во друга истрага што исто така се води во ОЈО за организиран криминал и корупција. Синот видел дека го лажеле двајцата, па ги пријавил во МВР, каде му дале обележани банкноти. Кога му ги дал бележаните пари на рака на Георгиев, се појавила полицијата и го фатиле Георгиев на дело. Интересно е дека синот на Наќе Георгиев, пред извесно време избран за судија во Кривичниот суд, беше делегиран во друг град, за да се отстрани опасноста да влијае врз постапката што се води против татко му.

    Но, телефонот на врховниот судија Наќе Георгиев изгледа чуда криел. Во него се открини индиции и за други можни кривични дела. Од него, обвинителката утврдила дека имало и ургенции во Академијата за судии и обвинители, со цел кандидати кои утре треба да судат и да обвинуваат, да положат испити.

    Затоа Оддел за сузбивање на организиран криминал на МВР, по наредба на судија на претходна постапка, вчера кон крајот на дениот ги сардиса просториите на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, откаде што одзеде два мобилни телефона од вработено лице во Академијата, за кое се знае дека комуницирало со врховниот судија Георгиев.

    Екипата истражители се интересирале и за досиејата за последните три генерации на Академијата, чие школување е во тек, поради анонимни пријави за земање мито за упис на кандидати за слушатели во Академијата.

    Обвинителството засега не е открива кое е лицето вработено во Академијата за судии и јавни обвинители чии два мобилни телефона се одземени, откако е фатено во сомнителна комуникација со судијата Георгиев.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img