Најголемиот колумбиски дилер на дрога, Даиро Антонио Усуга-Отониел, е екстрадиран во САД, изјави колумбискиот претседател Иван Дјук.
„Сакам да објавам дека Дарио Антонио Усуга, попознат како Отонел, е екстрадиран“, објави синоќа колумбискиот претседател на Твитер.
Најбараниот колумбиски дилер на дрога беше уапсен во воена операција на 23 октомври во северозападниот дел на земјата.
Дарио Антонио Усуга (50) е на чело на Клан дел Голфо.
Нарко картелот се смета за најмоќен во Колумбија, иако Отонел беше уапсен во октомври 2021 година по десетгодишна потрага.
По него во САД е распишана потерница поради обвинувања за трговија со дрога и се очекува да биде екстрадиран до американските власти.