More

    Актерката Ања Тејлор Џој ја симна Бела Хадид од тронот

    spot_img

    Актерката Ања Тејлор Џој ја доби ласкавата титула благодарение на оценката на британскиот пластичен хирург Џулијан Де Силва, кој раководи со Центарот за напредна естетска и пластична хирургија во Лондон.

    Оваа одлука е донесена врз основа на компјутерско скенирање на лицето.

    Тоа е најпопуларниот метод во светот на естетските процедури. Се заснова на „златниот пресек“, кој е познат и како „божествен однос“.

    – Се покажа дека ја има најдобрата поза на очите со резултат од 98,9 отсто, што е само 1,1 отсто од совршената форма. Ања имаше и најдобра оценка за веѓите. Беше блиску до врвот во речиси секоја категорија, освен во усните – изјави Де Силва за „Дејли мејл“.

    Второто место на листата на најубави жени во светот според златниот пресек го зазеде Зендаја (94,37 отсто), а на трето место е Бела Хадид (94,35 отсто). Четврта е Марго Роби (93,43 отсто),  а петта е актерката Сонг Хи-кио (92,67 отсто). Потоа следат Бијонсе и Тејлор Свифт.

    Да потсетиме, Бела Хадид долго време беше на прво место, токму поради нејзините совршени црти на лицето.

    – Овие нови техники за мапирање ни овозможуваат да решиме некои од мистериите за тоа што ги прави луѓето физички убави. Оваа технологија е корисна и за планирање на операцијата на пациентите – изјави претходно Де Силва, кој го користи овој метод со години.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img