More

    Средствата за обвинителствата се намалуваат за еден милион евра

    spot_img

    Јавниот обвинител Љупчо Коцевски денеска се обрати пред пратениците од Комисијата за финансирање и буџет во Собранието на расправата во врска со Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2024 година, во кој основните средства за функционирање на обвинителствата се намалуваат за повеќе од еден милион евра, од првично предвидените за годинава 14,1 на 13 милиони евра.

    На седницата тој го пренесе ставот и на стручниот колегиум на Јавното обвинителство кој вчера во проширен состав едногласно оцени дека со ваквото кратење се доведува во прашање редовната работа на јавните обвинителства, особено со оглед на тоа што намалување на средства со ребалансот се предлага во речиси сите ставки, вклучувајќи ги и парите предвидени за истражни дејствија, за вештачења и анализи, за одржување на возилата потребни за увид и слично.

    „Имајќи предвид дека, претходно предвидените средства во Буџетот за 2024 година беа само половина од она што законски е предвидено да се издвојува за обвинителството и минимално ги покриваа потребите на постапките, секое дополнително кратење во услови на општ раст на сите трошоци ја загрозува работата на јавните обвинителства“, рече Коцевски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img