Македонец фатен во шверц на часовници на скопскиот аеродром

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Царинските службеници на Меѓународниот Аеродром во Скопје, вчера заплениле осум рачни часовници со вкупна вредност од 240.862,00 денари. Часовниците се откриени кај македонски државјанин, кој слетал со лет од Австралија.

„Патникот се определил за зелен канал каде што поминуваат патниците кои немаат ништо за пријавување. На прашањето дали има нешто да пријави, одговорил дека нема ништо за пријавување, но при царинска контрола во багажот на патникот биле пронајдени непријавените часовници: еден рачен часовник ‘Rado’ и седум рачни часовници ‘Elite’“, соопштија денеска од Царинската управа.

Против патникот поднесена е прекршочна пријава за непочитување на царинската регулатива

Share This Article