На бугарските ресторани и хотелиери им се заканува банкрот поради поскапувањето на струјата

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

На бугарските ресторани и хотелиери им се заканува банкрот поради поскапувањето на струјата, а  претставници на овој сектор бараат од владата да интервенира за да се зачува стабилноста на секторот.

Според потпретседателот на Бугарската асоцијација на хотели и ресторани (БХРА) Атанас Димитров дека трошоците за струја сега се 10 пати повисоки од претходно, пренесува бугарски  24 Часа.

Хотел со околу 250 легла плаќал просечна сметка за струја од 10.000 бугарски лева или околу 5.122 евра, пред неодамнешните поскапувања, а сега се очекува сметката да биде помеѓу 110.000 и 120.000 лева, односно меѓу 56.240 и 61.000 евра.

Димитров смета дека овие мерки нема веднаш да влијаат на резервациите на гости, но предложи бугарската влада да размисли за ограничување на цените на струјата и државна поддршка за целиот сектор.

Многу ресторани и хотелиери во Бугарија се подготвуваат за протести кои би можеле да се одржат во некои региони за неколку дена, предупреди Димитров.

Share This Article