Бајден првпат зборувајќи јавно за неговата одлука да се откаже од кандидатурата за реизбор, вети дека во последните месеци од неговото претседателствување, ќе ја брани демократијата дома и кај сојузниците

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Американскиот претседател Џо Бајден, првпат зборувајќи јавно за неговата одлука да се откаже од кандидатурата за реизбор, вети дека во последните месеци од неговото претседателствување, ќе ја брани демократијата дома и кај сојузниците, пишува Ројтерс.

Во обраќањето до нацијата на 24 јули, Бајден ја објасни својата одлука да се откаже од претседателските избори на 5 ноември, велејќи дека е време да се стави личната амбиција на страна и да се дозволи новата генерација да ја преземе власта.

– Одлучив дека е најдобриот начин да ја пренесам диригентската палка на новата генерација. Тоа е најдобриот начин да ја обединиме нашата нација – ја објасни тој својата одлука да се пензионира како демократски кандидат за претседател на Соединетите Американски Држави.

Наместо да се кандидира против републиканскиот ривал Доналд Трамп, Бајден ја поддржа потпретседателката Камала Харис како кандидат на Демократската партија. 81-годишниот претседател рече дека „ќе продолжи да работи за да обезбеди Америка да остане силна и безбедна и да биде лидер на слободните светот“.

– Таа е цврста. Таа е способна. Таа беше неверојатен партнер за мене и е лидер за нашата земја – рече Бајден.

Американскиот претседател говореше и за војната во Украина.

– Ќе продолжиме да собираме коалиција од горди нации за да го спречиме рускиот претседател Владимир Путин да ја преземе Украина и да направи поголема штета. Ќе го одржиме НАТО посилен, а јас ќе го направам помоќен и пообединет од кога било во целата наша историја – рече тој во 10-минутното обраќање директно до нацијата.

Бајден рече дека во наредните 6 месеци ќе биде фокусиран на извршување на својата работа како претседател.

– Тоа значи дека ќе продолжам да ги намалувам трошоците за вредните семејства и да ја развивам нашата економија. Ќе продолжам да ги бранам нашите лични слободи и нашите граѓански права, од правото на глас до правото на избор. Ќе продолжам да се борам за нашите деца против оруженото насилство. Големата работа во Америка е што тука не владеат кралевите и диктаторите. Луѓето владеат. Историјата е во ваши раце. Моќта е во ваши раце. Идејата за Америка е во ваши раце – порача Бајден.

- Advertisement -
Ad image

Бајден рече дека станал првиот актуелен претседател на САД кој се откажал од номинацијата на неговата партија во повеќе од 5 децении бидејќи требало да ги обедини демократите, иако верувал дека неговиот придонес во Овалната соба заслужува втор 4-годишен мандат.

– Знам дека има време и место за долгогодишното искуство во јавниот живот, но има и време и место за нови гласови, свежи, помлади гласови, и тоа време и место се сега – рече Бајден.

Трамп, кој сега станува најстариот претседателски кандидат во историјата на САД, веднаш го критикуваше Бајден, велејќи дека обраќањето му било „едвај разбирливо и толку лошо“.

- Advertisement -
Ad image

Бајден не го спомна Доналд Трамп во неговото обраќање до нацијата.

Ова беше четврти пат Бајден да ја користи Овалната соба за обраќање откако ја презеде функцијата во 2021 година. Неговиот последен говор во Овалната соба беше на 15 јули кога ги повика Американците да ги смират политичките страсти по обидот за атентат врз Трамп.

На Бајден во Овалната соба му се придружија првата дама, Џил Бајден, и другите членови на неговото семејство, вклучително и неговиот син Хантер Бајден.

Инаку Камала Харис, поранешна обвинителка и сенаторка од Калифорнија, ќе стане првата црна жена во историјата на земјата, која ќе се кандидира за претседател од голема партија, доколку биде потврдена како кандидат на Демократите на партиската конвенција во Чикаго што започнува на 19 август.

Share This Article