Поради повредата со која се здоби за време на финалето на Копа Америка, Лионел Меси замина на одмор со заштитна чизма на ногата.
По тој повод беа направени фотографии кои предизвикаа лавина реакции и коментари, но овој пат Меси не е во центарот на вниманието.
На некои од тие фотографии тој воопшто не е ниту во кадар.
Неговата избраничка Антонела Рокузо се погрижи нејзиниот сопруг и повредата да останат во втор план.
Таа објави фотографии од јахтата каде што тие одмараат со друштво. Во првата позира со сопругот и чизмата на десната нога, во втората позира сама и во неа покажа како изгледа долниот дел од костим за капење, а третата предизвика можеби повеќе реакции од втората.
На третата фотографија Лео и Антонела се во друштво на Луис Суарез, неговата сопруга Софи Балби и уште еден пар.
Голем број фанови забележаа дека Антонела ја има ставено нејзината рака на раката на Суарез, а за краток период се појавија голем број коментари кои зборуваат токму за тоа.
Меси и Суарез се познаваат долго време. Тие беа соиграчи во Барселона од 2014 до 2020 година, а сега повторно играат заедно во Интер Мајами.
Со текот на годините тие развија одлично пријателство, како и нивните сопруги.
На социјалните мрежи на шега се појавуваат споредби на оваа ситуација со онаа во која пред многу години се најдоа Мауро Икарди, Макси Лопез и Ванда Нара. А таа приказна веќе ја знаат сите…