Српската актерка Анѓелка Стевиќ Жугиќ (поранешна Прпиќ) доживеала голема непријатност во Хрватска.
Таа требало да одржи претстави на хрватското крајбрежјето, но била принудена да ги откаже, односно да ги премести датумите на изведбата.
– По синоќешното невреме на Кастав, еве ги новите термини на претставата… – порачала прво Анѓелка, а потоа додала:
– Можеби не бев доволно детална во претходната објава. Синоќа невреме и силен ветер на Кастав ни ја урна и и искрши сценографијата. Принудени сме да ги одложиме термините на претставите, бидејќи немаме технички услови за одржување на претставата. Ви благодариме за разбирањето и се гледаме!
Претходно актерката покажала како се опушта пред настапот. Таа уживала во масажата. Анѓелка ја искористила можноста да се препушти на вештите раце на масерка за да го најави гостувањето на претставата „Што ме снајде“ во Макарска. Коментирајќи колку е возбудена поради гостувањето на свој хумористичен начин, во еден момент почнала да ѝ вика на масерката.