More

    Секое олимписко одличје носи делче од Ајфеловата кула

    spot_img

    Вкупно 5.084 медали ќе бидат доделени на Олимписките игри во Париз, а секое одличје е со дијаметар од 85 милиметри и содржи помеѓу 9,2 и 18 грама железо од Ајфеловата кула.

    Ајфеловата кула претрпе бројни реставрации од нејзиното отворање во 1889 година, а дел од отстранети елементи се искористени при изработката на олимписките медали, објави денеска италијанскиот весник „Кориере дело спорт“.

    Идејата е на компанијата за луксузни производи LVMH (Louis Vuitton Moet Hennessy), која е меѓу главните партнери на Олимписките игри.

    Златните медали тежат точно 529 грама, сребрените – 525 грама, а бронзените – само 455. Медалите имаат хексагонална форма – исто како и територијата на Франција.
    Златните медали не се направени само од злато, бидејќи само на Олимписките игри во 1904, 1908, 1912 година наградите биле направени од чисто злато. Оттогаш, Меѓународниот олимписки комитет го воведе правилото секој златен медал да има најмалку шест грама чисто злато. Преостанатите 523 грама во златниот медал се од сребро со минимална чистота од 92,5%.
    Вредноста на златниот медал на Олимпијадата во Париз е 700 евра. Ако медалот бил составен само од злато, цената на секој би била 30.000 евра. Сребрениот медал чини нешто помалку од 400 евра, а бронзениот само 7 евра, бидејќи е направен од легура на бакар и цинк, кои имаат мала вредност на пазарот во моментов.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img