More

    Израелските спортисти ќе имаат 24-часовно обезбедување

    spot_img

    Израелската олимписка делегација со големи безбедносни мерки отпатува денеска за Париз, каде в петок ќе бидат отворени Олимписките игри.

    Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин изјави дека израелските спортисти ќе бидат заштитени деноноќно за време на Игрите, 52 години по масакрот на Олимпијадата во Минхен, кога палестинските милитанти убија 11 Израелци.

    – Во име на Франција сакам да ѝ порачам на израелската делегација дека ви посакуваме добредојде на овие Олимписки игри – изјави вчера министерот за надворешни работи Стефан Сежурне на средбата со колегите од Европската унија во Брисел.

    Сепак, поради израелската воена акција во Појасот Газа, која резултираше со десетици илјади загинати Палестинци, ултралевичарскиот пратеник во парламентот Томас Портес рече дека израелските спортисти не се добредојдени во Франција.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img