Тинејџер претепа татко кој туркаше количка со бебе

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

36-годишниот Драган Р. бил примен на Ургентниот центар во Белград со скршеници на лицето и поради сериозноста на повредите бил ставен во вештачка кома, објави српски Блиц.

Поради нанесување тешки телесни повреди, полицијата веднаш го привела Љ. Т. (19) и одредила полициски притвор.

Љ. Т со автомобил „ауди“ излегувал од паркингот, а потоа влегол во конфликт со Драган, кој туркал количка со бебе, а до него одела неговата сопруга.

Човекот се исплашил дека младиот возач ќе ја удри количката со детето, со рака удрил во задниот дел од автомобилот и му рекол на возачот да погледне каде оди.

Бесен од таквиот потег Л. Т. излегол од возилото и по кратка вербална расправа, почнал да го удира Драган со тупаници. Кога мажот се онесвестил и паднал на подот, наводно продолжил да го клоца.

Возачот, според написите, згазнал на гас и го напуштил местото на пресметката, но набргу се вратил и ѝ се предал на полицијата.

На претепувањето на Драган Р. сведок била неговата сопруга, како и неколку случајни минувачи.

Истрагата ја води Првото основно јавно обвинителство, а против Љ. Т. е поднесена кривична пријава за нанесување тешка телесна повреда.

Share This Article