More

    Познатата брачна двојка Јована и Жељко Јоксимовиќ објавија фотографии на кои изгледаат гламурозно

    spot_img

    Познатата брачна двојка Јована и Жељко Јоксимовиќ објавија фотографии на кои изгледаат гламурозно.

    Јована ги воодушеви следбениците на социјалните мрежи со краток преглед на нејзиниот стајлинг од церемонијата во Италија.

    Тие на социјалните мрежи објавија серија фотографии од Италија додека насмеани позираат со чаши во рацете.

    Јована и Жељко се дотерале специјално за еден настан, па блеснале во елегантни комбинации.

    Жељко се одлучил за класичен костум, додека Јована носела црн долг фустан со исечоци во комбинација со тил од колената до подот. Додека рамениците ѝ биле откриени, Јована ја искористила приликата да додаде повеќе шарм на својот стајлинг, па избрала црни, плисирани ракавици од ист тил како и фустанот. Фризурата и црвениот кармин го доловиле шмекот на стариот Холивуд.

    Очигледно е дека никогаш не изгледале подобро, а на Инстаграм добија голем број комплименти.

    – Патувачки дневници, Италија! – напиша Јована во описот.

     

    Инаку, Жељко со Јована има син и две ќерки, близнаци, додека од првиот брак има уште една наследничка. Неодамна отворено проговори за децата и истакна дека се свесни дека нивниот татко е ѕвезда.

    – До пред неколку години моите деца не знаеја кој сум и кои се моите песни. Сега кога сфатија дека сум јавна личност и дека другите деца ги знаат моите песни, им стана поинтересно. Не ги оптоварував со тоа. Задоволни се од се, маѓепсани од евровизискиот опус – изјавил музичарот за српски „Блиц“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img