Земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди западниот дел на Турција. Земјотресот е регистриран на 14 километри јужно од местото Езина, на околу 300 километри од Измир.
Земјотресот е регистриран на длабочина од 18 километри. Засега нема информации за материјална штета.
Земјотресот бил почувствуван и во некои делови на Грција.